👁️  12

Искусниот кошаркар Руди Геј е пред нова авантура во кариерата. Геј се договори со Голден Стејт Вориорс, во чиј табор ќе настапува следната сезона.

Ветеранот парафира едногодишна соработка со „воините“, а оваа ќе биде негова 18. сезона во најсилната лига на светот.

Тој остана слободен агент ова лето по заминувањето од Јута Џез, чиј член беше во последните две сезони. Претходно низ акриерата беше дел од Сан Антонио Спарс, Сакраменто Кингс, Торонто Рапторс и Мемфис Гризлис.

Во НБА, Геј има повеќе од 1.000 натпревари на своето конто и завиден просек од 15,8 поени по меч.