👁️  19

Вредноста на руската валута, рубљата денеска го достигна најниското ниво од првите недели од војната во Украина, бидејќи Москва ги зголемува воените трошоци и санкциите на Западот го оптоваруваат нејзиниот извоз на енергенси.

Еден доларот утрово чинеше 101 рубља, па продолжува падот на вредноста на руската валута за повеќе од 25 отсто во однос на почетокот на годината.

Тоа е најниската вредност на рубљата во изминатите 17 месеци.

Економскиот советник на претседателот Владимир Путин, Максим Орешкин денеска во авторски текст за државната новинска агенција Тасс за слабата рубља ја обвини „лабавата монетарна политика“.

Орешкин изјави дека силната рубља е во интерес на руската економија и дека слабата валута „го отежнува економското преструктурирање и негативно влијае на реалните приходи на луѓето“.

Руската централна банка утре ќе има седница поради вредноста на рубљата.

Рубљата, која изгуби околу една четвртина од својата вредност во однос на доларот откако Путин ја нападна Украина во февруари 2022 година, достигна 100,9950 за американски долар, што е нејзината најниска вредност во речиси 17 месеци.  (МИА)