👁️  12

Ова се случи за време на доделувањето на медалите, кога поранешниот претседател на Шпанската фудбалска асоцијација, Хозе Рубиалес, против нејзина волја ја бакна репрезентативната играчка од средниот ред, Џени Хермосо.

Хермосо, инаку фудбалска легенда, подоцна за време на преносот во живо на Инстаграм објави дека не ѝ се допаднал потегот на Рубиалес. Но, претседателот не застана тука. За време на прославата во соблекувалната ја прегрна Хермосо и рече: „Јас и ти ќе се венчаме на Ибица“.

Хермосо поднесе и официјална жалба до обвинителството против Рубиалес, кој неодамна поднесе оставка на сите функции. Во ексклузивното интервју на Пирс Морган, Рубиалес објави дека заминува. „Не можам да продолжам со мојата работа“, изјави 46-годишниот за Piers Morgan Uncensored. Рубиалес објави дека поднел оставка и од функцијата потпретседател на Извршниот комитет на УЕФА.

Судењето сега е во тек. Рубиалес првично ги негирал наводите за сексуална злоупотреба и принуда што Хермосо ги покренала против него. Обвинителот побарал од судијата да му забрани на Рубиалес да ѝ се приближува на фудбалерката поблиску од 500 метри, што било прифатено.

Тој сè уште инсистира дека бакнежот бил консензуален: „Она што го имавме беше спонтан, заеднички чин, чин на кој двајцата се согласивме, а кој беше поттикнат од емоциите во моментот. Бакнежот беше 100 проценти несексуален“, изјави тој за Пирс Морган. . Тој тврди дека луѓето не ја разбираат латинската култура и дека истото би му го направиле и на маж:

„И двајцата бевме емотивни. Си честитавме, ја прашав „може ли да те бакнам набрзина?“, што е нормално за нас. Брзо ја бакнав, мислам дека ме потапка на страна еднаш или двапати и тоа беше без никаква сексуална конотација или ништо, само момент на среќа и израз на голема радост“.