👁️  467

Oткако ја заврши бурата во Манчестер Јунајтед, Роналдо изгледа започнува нова во репрезентацијата. Утрово португалскиот „Рекорд“ пренесува дека се заканил со напуштање на репрезентацијата.

Селекторот Фернандо Сантош го остави Роналдо на клупата во натпреварот против Швајцарија, а тоа очигледно не му се допаднало. Во текот на натпреварот Роналдо беше мирен и влезе во игра во последните 15-тина минути, сепак по натпреварот додека сите славеа тој прв си замина во соблекувалната.

Португалија без Роналдо изгледаше одлично и токму фудбалерот кој го замени, 21-годишниот Гонсало Рамош постигна хет-трик и запиша асистенција. Денес „Рекорд“ ексклузивно објавува дека кога Роналдо дознал дека нема да биде во стартните 11 во разговорот со селекторот се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата.

Очигледно е дека на Роналдо му минува времето, прво бевме сведоци на се што се случуваше во Манчестер Јунајтед, а сега и во Португалија, па сигурно дека е време и самиот тој да го прифати неизбежното.

Одлуката на Сантош да го остави Роналдо на клупата јавно беше критикувана од сестрата на Португалецот и неговата партнерка Георгина Родригез.