👁️  19

Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо е задоволен од победата на неговата репрезентацијата над Босна и Херцеговина во квалификациите за Европското првенство 2024. Португалците синоќа во Зеница триумфираа со 5:0.

– Уште една победа и добра игра од целиот тим! Првото место во групата е загарантирано! Сè уште сме силни! – напиша фудбалерот на социјалните мрежи.

На оваа средба 38-годишниот португалски напаѓач постигна два гола.

Репрезентацијата на Португалија со 24 бода го зазема првото место во групата Ј. Селекцијата обезбеди пласман во завршниот дел на Еуро 2024 откако ја совлада Словачка (3:2) во натпреварот од 7. коло.