👁️  26

Ние родителите на учениците од ООУ Његош организирани преку иницијативен одбор, сакаме да ја информираме јавноста за неколку работи:

1. Повеќе од 10 дена по нашата одлука како иницијативен одбор на сила е целосен бојкот на наставата во ООУ Његош.

2. На повик на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски изминатата недела во просториите на општина Гази Баба имавме средба со Министерот за образование и наука Јетон Шакири на која ги соопштивме нашите барања директно и лично на министерот. За жал минуваат деновите но нема никаков слух и реакција од страна на Министерот Шакири.

3. Наместо реализација на нашите барања Министерот Шакири преку медиумите се заканува со ултиматуим и одземање на ингеренциите на општината.

Имајќи ја предвид ваквата состојба, како иницијативен одбор по оддржан состанок ја информираме јавноста:

Закажуваме голем протест за утре (среда) 04.10.2023 година со почеток во 17:30 часот пред зградата на ООУ Његош во Јурумлери. Ги повикуваме на протестот сите родители да ни се приклучат.

Дополнително ја информираме јавноста дека по заканите од Министерот за одземање на ингеренции на нашите иницијативен одбор се приклучија родители на ученици од сите останати основни општински училишта во Гази Баба кој даваат поддршка на нашите барања.

Нашата порака до Министерот е: Одземањето на ингеренциите на општината ќе донесе бојкот на наставата во сите основни училишта на територија на Гази Баба.