Родители од Штип ги заклучиле малолетните деца во автомобил и отишле да се коцкаат во казино

Полицијата поднесе кривична пријава против родители од Штип кои ги оставиле своите малолетни деца заклучени во автомобил, на паркинг.

Според информациите од МВР, родителите се на возраст од 42 и 27 години.


Децата подолг период останале заклучени на паркингот, додека тие биле во казиното.

Кривичната пријава се однесува за делото запуштање и малтретирање на дете.