👁️  26

Македонската машка кошаркарска репрезентација ги продолжува подготовките за олимписките претквалификации кои стартуваат на 12. август со турнирот во Талин, а кои продолжуваат во полскиот град Гљивице.

Еден од играчите кој во овој период максимално му е посветен на националниот тим е Дамјан Робев кој е оптимист и верува дека ќе се прикажеме во најдобро можно светло и ќе можеме да се носиме со сите противници.

-Секогаш е убаво чувството да се игра за националниот тим. Сите што сме тука сме дојдени да го дадеме својот максимум. А на максимален ефект ќе одиме и на турнирот во Талин. Факт е дека имаме доста ослабен ростер, дека многу играчи се повредени. Но се надевам дека ќе се прикажеме во едно добро издание и дека ќе дадеме се од себе.Ние сме заедно подолго време, две-три години во оваа екипа. Добро се познаваме, доволно за да се воиграме, но сепак периодот за тоа е доста краток. Особено по еден двомесечен период на пауза од крајот на ланската сезона, малку е потешко да влезеш во ритам. Но мислам дека ќе бидеме добри. Дека ќе прикажеме добри игри, -вели Робев и додава: Нема фаворити помеѓу овие репрезентции, пред се затоа што сите доаѓаат со ослабен ростер. Не можат сите да дојдат во ‘фул’ состав. Оттука мислам дека ќе имаме шанси да се натпреваруваме, да бидеме ‘пата-пата’ со сите. И дека на крајот ќе поминеме добро, -заклучи Дамјан.