Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер подготвено го дочекува првиот натправар во европската Лига на шампионите кој ќе се одигра во среда навечер во Битола.
Спортската сала „Боро Чурлевски“ е целосно реновирана, обезбедени се високи стандарди побарани од ЕХФ и со оптимизам се очекува дуелот со РК Колштад од Норвешка, изјави Александар Јовиќ, тренер на Еурофарм Пелистер.
-Колштад е екстра квалитетна екипа, која во своите редови има шест норвешки и еден исландски репрезентацтивец. Колштад негува екстра динамична игра и мислам дека ќе биде задолвоство да се натпреваруваме со нив. Верувам дека ќе се прикажеме во најдобро светло оваа сезона, пред нашата публика, во нашата реновирана сала, изјави денеска Јовиќ.
Како што е познато битолскиот ракометен клуб во најквалитетното европско натреварување ќе настапи по пауза од 18 години, а битолската публика во среда навечер ќе ги види светски познатите норвешки ракометари Сагосен, Род и останатите ракометари на Колштад.