Првиот натпреварувачки ден на меѓународниот турнир во Струга донесе два меча на програмата, а после триумфот на Вардар над домаќинот, со триумф турнирот го отвори и Алкалоид.

Актуелниот македонски вицешампион отвори со победа против Динамо Панчево и потврди дека е поквалитетен ривал од српскиот тим, а можеби и клучната разлика се направи на крајот од првиот дел.

Алкалоид отиде на плус три и добро знаеше како да ја одржуваа оваа предност во вторите 30 минути, во кои на крајот славеше со 27:23.


Кристијан Симоновски беше најефикасен во победничкиот тим со шест гола зад своето име, а одличен беше и Мартин Серафимов со четири погодоци.

Исто како Вардар, Алкалоид во второто коло е слободен, а следен ривал за нив ќе биде грчки АЕК.