👁️  110

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот во Онкологија праша зошто системот КАТО се уште не во функција иако е оценет како одличен и кога ќе видиме морална одговорност и оставки?

– Поранешниот министер Венко Филипче искажа пофални зборови за поранешниот директор на Онкологија Нино Васев и економскиот директор кои направиле долг од околу 20 милиони евра. Значи работеле недомаќински, а дали проблемите и долговите доаѓале од тоа што биле суспендирани контролните механизми, почнувајќи од системот за контрола на терапија, па препишување на терапија без стручен колегиум, вели Ристески.

Ристески го запраша актуелниот министер за здравство Меџити зошто е разрешен организацискиот директор, каква одговорност е утврдена, дали работел спротивно на закон?

– Пред да излезе скандалот со Онкологија, министерот кажа дека бил запознаен дека КАТО системот бил вон функција, за кон се дало заклучок дека е добар.  Зошто и ден денес ако е добар КАТО системот не е ставен во функција? Кога го видовте извештајот од ДЗР за Онкологија кој е завршен во март и истакнат во април 2023 година? Дали по утврдените забелешки и нотирани прекршување на законите, дали нешто е преземено или пријавено? – запраша Ристески.

Ристески потсети дека министерот признава дека состојбата во здравството е алармантна.

Вашиот претходник се фалеше, се гордееше, а вие викате не е добро? Што сте презеле и зошто онаму каде сте разочарани нема промена на менаџментот, зошто се потребни промени, и дали ќе ни се случи некоја друга афера?  Како чин на морална и човечка одговорност дали министерот ќе си поднесе оставка бидејќи во негово време излезе на површина најголемата и најгрозоморна афера, изјави Ристески.