Вие ја извршувате функцијата заменик министер во периодот од септември 2020 до септември 2021 година, релативно краток временски период, но интересен период за оваа анкетна комисија бидејќи се совпаѓа со времето кога мина го посочуваат како период и време во кое биле направени доста злоупотреби на оваа клиника која денес е тема на работата на Анкетната комисија, му се обраќа пратеникот Петар Ристески на поранешниот заменик министер за здравство Илир Хасани, на денешната Анкетна комисија за случувањата на Клиниката за онкологија и радиотерапија.
Во однос на тоа Ристески посочи дека се надева дека заменик министерот има информации кои би ги споделил со нив со цел добивање јасна слика што се случувало на клиниката, и при тоа го запраша Хасани, дали министерството за здравство спроведува контроли врз работењето на јавните здравствени, клиники, болници, на кој начин и како се планираат и спроведуваат и дали од истите контроли, доколку биле спроведувани добивале извештаи и дали имале увид во тие извештаи.
„Клиниката за онкологија очигледно ја отвори пандорината кутија во здравството, па затоа конкретно за оваа клиника дали сте запознаени со начинот, ефикасноста и резултатите од работењето на клиниката онкологија во периодот додека сте ја извршувале функцијата заменик министер. На кој начин сте ги добивале тие информации и дали сте сигурни дека истите се релевантни и валидни? Дали го видовте извештајот на Државниот Завод за Ревизија за оваа клиника и доколку сте го виделе какви се вашите коментари по извештајот“, праша Ристески.