👁️  6921

За прв пат Куќата на Дедо Мраз во Зоолошката градина во Битола денес ја посететија повеќе од 400 луѓе каде се поделија 300 новогодишни пакетчиња на деца во склоп на Зимска приказна со поддршка на општина Битола под покровителство и иницијтива на директорот Елена Мирчевска.

На денешниот настан беа поканети сите но приоритет првично имаа децата од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух – Кочо Рацин, Завод за рехабилитација за деца со оштетен слух,говор,глас и други попречености-Кочо Рацин, Домот за доенчиња Битола, Здружение на лица со оштетен вид, Здружение на лица со аутизам, Деца од социјално загрозени семејства и хуманитарната организација за социјално ранливи семејства од Свети Спас.

Исто утре од 13 часот до 15 часот ќе продолжи хумнитарниот настан во склоп на Зимска приказна и Зоолошката градина -Битола на кој се поканети сите граѓани на општина Битола.