👁️  152

478 граѓани кои ја доставија потребната документација од општина Кисела Вода ќе добијат субвенција за набавеното огревно дрво. Општинската комисија ги разгледа поднесените барања на лицата кои се пријавија на објавениот повик на локалната самоуправа и го изготви списокот на одобрените апликации, за кои исплатата ќе се изврши до крајот на годинава.

За финансиски надомест во износ од 500 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар кубен (1 m³) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри (10 m³) дрва или по 350 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар просторен (1 метар просторен) дрва за огрев но до максимална вкупна количина до 14 метри просторни одлучуваше комисија формирана од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Од вкупно поднесените 586 барања од страна на граѓаните за проектот „Субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на територија на општина Кисела Вода за купување на дрва за огрев“, одобрени беа 478, додека 21 беа одбиени поради некомплетна документација.

По принципот ”прв дојден-прв услужен”, одобрени се барањата со архивски број од 08-8468/004 до 08-8468/501, со исклучок на следните поднесени барања: 08-8468/09, 08-8468/27, 08-8468/89, 08-8468/91, 08-8468/114, 08-8468/172, 08-8468/209, 08-8468/290, 08-8468/294, 08-8468/323, 08-8468/339, 08-8468/342, 08-8468/393, 08-8468/397, 08-8468/402, 08-8468/425, 08-8468/470, 08-8468/489, 08-8468/490 и 08-8468/493 кои се одбиени поради некомплетна документација.

Архивските броеви кои се над архивски број 08-8468/501 не се замени во предвид поради исцрпување на предвидените финансиски средства во висина од 1.200.000,00 денари со вклучен персон нален данок.

-478 семејства од Кисела Вода ќе добијат финансиска поддршка за набавка на огревно дрво. Помошта за нашите сограѓани во овие тешки времиња за нас, како раководство, останува да биде трајна заложба, бидејќи Македонија се соочува со голема економска криза и се’ поголем е бројот на наши сограѓани кои имаат потреба од финансиска поддршка. Покрај субвенциите за огревно дрво, се потрудивме и ова зима домовите да им бидат топли и на лицата кои се загреваат со пелети, обезбедувајќи субвенција и за печки на пелети, како и на пелети како енергенс, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Граѓаните кои имаат потреба од дополнителни информации во врска со резултатите од проектот „Субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на територија на општина Кисела Вода за купување на дрва за огрев“, можат да се јават на телефонскиот број 02/2785-427 секој работен ден од 08 до 16 часот.