👁️  614

Шпанските медиуми се свесни дека на кошаркарите на Реал Мадрид им претстои невиден пекол вечерва во преполната „Арена“.

Вечерва (20:30 ч.) Партизан на домашен терен го пречекува Реал Мадрид во третиот натпревар од четвртфиналната плејоф серија.

По општата тепачка која го одбележа вториот натпревар во Мадрид, на Шпанците им е кристално јасно дека навивачите на Партизан вечерва ќе им приредат невиден кошмар.

Партизан има големи 2:0, но поради инцидентот испровоциран од Мадрид, нема да може да смета на помошта на своите најголеми ѕвезди – Кевин Пантер и Матиас Лесор, па ќе им треба голема поддршка од навивачите во со цел да ја остварат својата цел и да изборат место на фајнл-форот.

На шпанските медиуми им е јасно дека инцидентот од мечот во Мадрид дополнително ја крена тензијата, па стравуваат од атмосферата во Арената.

На насловната страница на почитуваната Марка пишува „Пеколот Белград“ со фотографија од навивач на Партизан.

,,20.000 фанатици го пречекуваат Мадрид во Арената“, пишува шпанскиот весник.