👁️  19

Португалија вчера имаше историска ноќ на домашниот стадион „Алгарве“ и ја оствари најголемата победа во своето постоење, откако даде девет гола во мрежата на Луксембург.

Избраниците на Роберто Мартинез знаеја како да се забавуваат на теренот и покрај тоа што во тимот го немаше Кристијано Роналдо, а играч на мечот беше ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.

Играчот за врска запиша три извонредни асистенции, но на крајот од натпреварот се запиша и во листата на стрелците и погоди за 8:0, пред Жоао Феликс да ги постави конечните 9:0.

По погодокот на Бруно, за издвојување е и реакцијата која ја имаше противничкиот селектор, кој засрамен од понижувањето кое го претрпе неговиот тим, реши да се упати предвреме во соблекувалната.

Лук Холц ги напушти своите играчи и ги остави сами на себе, а до крајот тие примија уште еден гол за рекордни 9:0.

Luxembourg NT coach heads for the tunnel as his team suffers 8th goal (8-0) at the 83rd minute markpic.twitter.com/org9JSfhIZ

— GoalRushHQ (@GoalRushHQ) September 11, 2023