👁️  1118

Директорот Абрашоски потврди дека го разрешиле управителот пред два дена, но според неговата изјава дури тогаш и дознале за начинот на кој работи „Терминал – Комуналец“.

Денеска се искажани невистини по однос на моето работење, односно толерирање кон управителот на Терминал ДООЕЛ, Мартин Ачкоски. Истиот е разрешен од управител на 31.08. 2022 година, на седница на Управниот одбор. Не се точни тврдењата дека јас како директор на ’Комуналец‘, сум дозволил работа од далечина, односно веднаш од кога дознавме за моменталното работење и функционирање на Терминалот, го повикав претседателот на Управниот одбор да свика седница, со точка на дневен ред:

разрешување на управителот на ’Терминал-Комуналец‘, рече Абрашоски.Директорот, за кого СДСМ побара разрешување, рече дека не чувствува никаква одговорност и обвини дека токму членот на Управниот одбор кој е дел од врвот на локалната организација на СДСМ, бил тој што гласал воздржано за разрешувањето на Ачкоски.

Можеме слободно да се сомневаме дека Мартин Ачкоски, е донесен кадар од СДСМ да конкурира на објавениот оглас, каде беше и единствен кандидат, за потоа да си замине да работи во Хрватска. Искрено, не чувствувам никаква одговорност за неговото несовесно и некоректно однесување кон вработените, но и кон мене, затоа и истиот беше разрешен, рече Абрашоски.

За причините зошто Ачкоски бил поставен за управител, директорот рече дека тој бил единствен кандидат на конкурсот и бил предлог на вработените во „Терминалот“ кој со петиција барале тој да биде назначен на функцијата.