Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд доживеал сообраќајна несреќа. Целиот тим со автобус се вратил во тренинг-центарот на Јунајтед, по што играчите со своите автомобили заминале од Керингтон. „Би Би Си“ јавува дека Рашфорд со својот бел „ролс-ројс“ се судрил со уште два автомобили, по што удрил и во електричен столб, но сите возачи минале без посериозни повреди.

Фудбалерот се пожалил само на болки во грбот, па лекарскиот тим веднаш извршил прегледи, по што било констатирано дека не се работи за никаква сериозна повреда.

Сепак, англискиот репрезентативец скоро целосно го уништил својот скап автомобил, вреден нешто над 700.000 фунти.