Ракометната федерација на Македонија соопшти дека македонската машка сениорска репрезентација денеска заминува за Словачка, каде што на 14 мај во Прешов ќе го одигра првиот бараж-натпревар против словачката селекција за пласман на Светското првенство 2027.
Заедно со репрезентацијата кон Словачка патува и делегација на РФМ предводена од претседателот Александар Стефанов, со цел да му даде поддршка на националниот тим пред важниот натпревар.







