👁️  1160

Мирко Радовиќ како капитен на Еурофарм Пелситер го крена првиот трофеј во новата сезона. Битолчани со драматична победа над Вардар 1961 дојдоа до титула во Суперкупот (21-22), а по средбата, Црногорецот ги пренесе импресиите од дуелот.

Ова беше еден врвен меч и доста тешка за играње. Како што се и сите други мечеви со Вардар. Најважно е што не се предадовме додека губевме, се боревме и успеавме да дојдеме до една неверојатна победа. Ова е голем триумф за самодоверба за понатаму. Беше многу тешко да се игра во оваа атмосфера која беше неверојатна. Убавина е да се играат вакви мечеви, вакво нешто нема никаде во светот“, изјави Радовиќ.

Еурофарм Пелистер со победата над големиот ривал успеа да ја одбрани ланската титула во ова натпреварување. Сепак, Вардар со играта покажа дека следи уште една супер-интересна и драматична сезона за домашните титули.