👁️  33

Српскиот ракометае има големо искуство па ќе биде од голема корист за мечевите и на европска сцена и во домашниот шампионат каде битолчани имаат за задача да ја одбранат шампионската титула.

Според него, особено после Супер-Купот во кои беа поразени од Вардар 1961 мора да работат напорно да ги поправат грешките и веќе на првата средба против Колштад во ЛШ да ги покажат своите квалитети.

„Драго ми е што дојдов и што се приклучив кон екипата, за да се подготвиме за она што ни претстои. Не сме задоволни и свесни сме дека некои работи мора да се поправат. За жал загубивме и на првиот важен натшревар против Вардар 1961 во Суперкупот. Лесно е сега да се биде паметен, сите знаевме каде грешевме и што треба да поправиме. Најмногу жалиме за навивачите што поминаа долг пат да нè поддржат, а не можевме да ги наградиме со победа. Сега напорно работиме за Колштад и да ја отвориме Лигата на шампионите со два бода. 

На секој играч цел му е да игра во Лигата на шампионите. Имаме голема шанса да направиме нешто големо. Овој град и оваа земја живеат за ракометот и тоа сите го гледаме и мора да го почитуваме. Потпишувам дека ќе имаме далеку најдобра атмосфера на натпреварите и тоа треба да го искористиме и мора да научиме да се носиме со притисокот. Да го пренесеме тој притисок на позитива, а не да се уплашиме. Имаме далеку најдобри навивачи во Лигата на шампионите и тоа мора да го искористиме“, рече српското крило.