Една од најголемите агенции во нашата држава и на балканот која е официјален претставник за вработување во Mc Donalds за цел Западен Балкан има канцеларии во Македонија, Албанија, Србија и Босна, тоа е македонската АГЕНЦИЈА КОНТЕКС ОД СКОПЈЕ. За таа цел направивме интервју со претставници од оваа агенција и со цел да ги добиеме вистинските и искрени одговори за работата во Mc Donalds. Проследете не:

АНАЛИТИКУМ: Здраво и ви благодариме за вашето издвоено време. Најпрво би сакале да ми се претстсвите едноставно која е Контекст од кога постои оваа агенција?

Контекст е агенција која постои од 2007 година и е првата агенција на Балканот која започна да вработува студенти во Германија. Од 2016 година, Контекст започна со долгорочно вработување на кандидати врз основа на Регулативата Западен Балкан. Годишно испраќаме преку 1000 студенти на летна студентска работа и повеќе од 600 долгорочно вработени кандидати по Регулативата Западен Балкан. 

АНАЛИТИКУМ: Познато е дека вие сте официјален претставник за во Македонија која нуди вработување во Mc Donalds во Германија. Може да ни кажете каде се имате отворени места, во кои покраини и во кои градови во Германија? Дали може кандидатот да одбере во кое место би работел?

Контекст е канцеларија на германскиот МекДоналдс за цел Западен Балкан. Како нивни ексклузивни договорни партнери, имаме привилегија да им понудиме на кандидатите вработување во секој Мекдоналдс ресторан во цела Германија. Дали ќе добие кандидатот работно место на посакуваната локација, пред се зависи од тоа дали во тој ресторан им треба работник во моментот кога кандидатот добил виза, но и дали кандидатот знае германски или англиски.  Сакам да потенцирам дека покрај Мекдоналдс, имаме уште многу други работодавачи, но Мекдоналдс како голема фирма, има капацитет да вработи огромен број на работници во секое време.

АНАЛИТИКУМ: Кои услуги ги добива кандидатот со термин за виза или ЕУ пасош доколку аплицира преку Контекс и колку чинат секоја од тие услуги кај вас?

Кандидатот кога ќе добие термин за виза се јавува кај нас, се прави кратко интервју за да процениме за каков кандидат се работи, колку знае англиски, германски, дали работел во гастрономија и дали е пред се сериозен кандидат. Не бараме ние многу од кандидатите, основни работи и карактеристики кои треба еден работник да ги има. 

По интервјуто, според барањето на кандидатот му се дава соодветна работна понуда. Доколку работодавачот нема сметување, се трудиме да им помогнеме да најдат соодветно и по поволни услуги, секако колку што е тоа можно и реално. Во принцип агенција за вработување само нуди работа и тоа под услови кои ни ги налага работодавачот, не по наша желба. Кога ќе стигне договорот, кандидатот добива комплетно подготвена апликација за виза од наша страна. Посредувањето е бесплатно, опционална услуга е патничко и здравствено осигурување.

АНАЛИТИКУМ: Колку ваши кандидати досега успешно функционираат и работат во Германија?

Тешко прашање за да можеме точна бројка да дадеме. Во нашата евиденција, заклучно со денешниот ден е направен договор за 2891 кандидат. Најголемиот дел се таму, но немаме точна бројка. Тука не се пресметани студентите кои се враќаат на крајот на овој месец, а ова лето ја надминавме бројката од 1000 студенти.

АНАЛИТИКУМ: Дали вие се грижите исто така и за документацијата потребна за добивање на виза и колку е важно таа да биде комплетна?

Документацијата ја подготвуваме ние, и е секогаш комплетна, според барањата на германската Амбасада,

АНАЛИТИКУМ: Ајде сега малку и за работата во Mc Donalds. Покрај голем број позитивни работи секако има и негативни како што веќе погоре наведовме. Како ја опишувате вие работата во Mc Donalds и како се справувате со проблемите кои им се јавуваат на вашите кандидати?

Работата во Мекдоналдс е сигурна работа за отпочнување на нов живот во Германија. Од таму се почнува, па кога кандидатот ќе ја научи работата, после една година може да бара и друго работно место. Обично една година најмалку се задржуваат на тоа работно место но имаме многу наши кандидати кои и ден денеска работат на истото место, некои на иста позиција, но многу од нив се веќе шефови на ресторани. Мекдоналдс е голема фирма, платата не е многу висока, но тука и не се бараат некои особени квалификации. Луѓето мора да разберат една работа колку повеќе понудиш, во смисла на јазик, работно искуство побрзо напредуваш. Ние се соочуваме со кандидати кои велат чекам термин подолго од една година, па добива термин и вели ама јас не знам ниту англиски, ниту пак германски. Што да правиме со тие кандидати? Па и германците не сакаат да примаат толку неквалификувани луѓе. Додека се чека виза, секој може да се потруди барем основни работи да научи. Се почесто се соочуваме и со нефлексибилност од страна на работодавачите кои се помалку примаат луѓе без јазик. Други проблеми нема, уредно си исплаќаат Мекдоналдс 12,30 евра бруто за 169 работни часови. Над тие 169 часа кој одработи повеќе, добива 25% плус на саатницата. Ноќна смена се доплаќа, имаат 25 дена платен годишен одмор, храна за време на работа која симболично  ја плаќаат во некои ресторани, некаде и бесплатно се дава. 

Проблеми може да се јават на секое рзботно место, најчесто нашите кандидати како проблеми пријавуваат реални работи, но во најголем случај нереални проблеми, т.е проблеми кои произлегуваат од несериозниот пристап кон преселбата во Германија. Не знаат јазик, проблем имаат на пример кога одат да се пријават во општина, потоа кога вадат конто во банка или кога продолжуваат виза. Тука ги фаќа најголема паника бидејќи не наидуваат на службеници што знаат англиски, а имаме и такви кои тргнуваат од тука без да знаат ниту еден странски јазик, и пошто не се справуваат добро со германската бирократија знаат да ни префрлуваат вина на нас агенциите. Сместувањето знае да биде скапо, во големи градови особено. Не можат да изнајмат стан на почеток, се сместуваат во соби, па после три платни листи полека почнуваат со барање на стан. Ако е голем град, како Минхен, Келн, тешко се наоѓа стан кој е притоа и многу скап. Наш совет е секогаш да се оди во помали места, платата е иста, трошоците помали.  Исто така не наидуваме на разбирање од страна на кандидатите кои прво од нас бараат работно место со сместување (сместување кое го нуди работодавачот) и ако тоа евентуално не им се допадне, повторно мора некој да биде виновен, па така се повторно агенциите на удар. Никако да се разбере поентата дека агенцијата има обврска да го вработи кандидатот, т.е да посредува при вработување помеѓу работникот и работодавачот по услови кои се наведени во договорот. 

Во секој случај се трудиме секој проблем да го решиме, колку што можеме и колку што ни дозволува работодавачот и германските закони. Секој проблем не е проблем, некогаш се недоразбирања во прашање. Сигурно може и на нас да ни се поткраде некоја грешка, ама се трудиме и тоа да го исправиме. Не е се до нас, пак ќе повторам, законите во Германија се поинакви, има многу бирократски работи кои мора да се завршат, ама за кратко време се се решава.


Како што постојат кандидати кои се жалат од агенциите, така и ние си имаме проблеми со одреден профил на луѓе. Се работи за луѓе кои се на расчекор помеѓу можностоте и очекувањата кои тие ги имаат. Бараат повеќе од што можат да понудат. Или инсистираат на работни понуди за кои не се квалификувани, ние ќе ги одбиеме, одат по други агенции кои без јазик, а за пари ќе им најдат договор и потоа ѕвонат кај нас и молат за помош. Пример сакаат да работат во DHL или слични фирми да разнесуваат пошта а не знаат јазик и тука настанува хаос… Ќе дојдат до одредена адреса, не се снаоѓаат и мораат да се јават на клиентот, тука се завршува. Им се дава одреден број на пакети кои мора да ги однесат во еден ден за 8 саати нема шанса на почетокот да ги разнесат сите пратки, па така работат и по 12 саати, а само 8 им се платени. Од овие причини на кандидати што не знаат јазик не им нудиме овакви позиции или бараат во хотел да работат. Хотелите се полоша опција и од брза пошта таму има норма, мора по саат да исчистат одреден број на соби, ако не успеат им се дели саатнината по соба. Во хотели се работи само ако имате директен договор со хотелот, ако е тој директно работодавачот. Доколку фирма за чистење ви даде договор за листење во хотел, имате потенцијален проблем. Совет од наша страна послушајте понекогаш добронамерен совет од агенциите, сепак малку повеќе знаеме. Некогаш ќе се посреќи на некој кандидат и ќе се снајде лесно, но тие што не се на висина на задачата обиваат и откази. Затоа бирајте полесен начин да почнете со живот во Германија.

АНАЛИТИКУМ: Кое е вашето искуство при добивањето на виза во кои покраини полесно и успешно се добива виза гледајќи дека за апликации во поголемите градови често камдидатите добиваат негативен одговор односно дека во овие места веќе има работници кои веќе живеат во Германија. Што ги советувате кандидатите при изборот на работно место?

Секаде може да се добие виза, одредени градови, мал број градови како што се Хамбург, Штутгарт, Либек се ризични, бидејќи по нивна проценка, имаат доволно вработени од ЕУ и дека нема потреба од кадар кој доаѓа од држави кои не се членки на ЕУ. Наш совет е секогаш помали места да бираат, подобро место до Хамбург, отколку Хамбург.

АНАЛИТИКУМ: Знаеме дека голем проблем во Германија е токму сместувањето. Како Контекс се справува со тоа? Дали и какво сместување можат да очекуваат вашите кандидати?

Сместувањето е проблем, и ќе биде проблем. Сместување има, и се наоѓа, но нашите кандидати сакаат помалку да плаќаат, а поскапо сместување секогаш се наоѓа. Лошо е што прават споредба секогаш со цената на становите кај нас или пак цената на становите во Германија кои се поповолни, но се наменети само за луѓе со стален престој. Не можат да разберат повеќето дека, додека не се пријавиш, почнеш да работиш барем три месеци и не добиеш позитивен кредитен рејтинг во Германија не можеш да изнајмиш свој стан. Секако дека е многу поевтино кога ќе се потпише договор за изнајмување на стан на една година, но тоа после третата платна листа. И тогаш тешко оди, време треба за се. На почеток се оди во привремени сместувања каде се плаќа по кревет. Колку е поевтино, сместувањето е поскромно. Ако се плати повеќе, како и секаде, се добиваат подобри услови. Ваков тип на привремени сместувања се поскапи во старт, тоа што се плаќа и тоа што се добива не е соодветно секогаш, но се привремени. Понатаму секој сам ќе си одбере. Најтешко е сместување за студенти да се најде. Сите сакаат да работат летно време во големи градови, таму киријата е поскапа. Во големи градови каде имаме огромен број на студенти, можеме да им понудиме само групни сместувања, не сме во можност индивидуално да им бараме сместување на групи од по неколку студенти. За таа цел ги мотивираме студентите сами да се инволвираат и да одберат што им се допаѓа. Потоа ние проверуваме дали е се ОК и даваме зелено светло да букираат. Тешко е сместување да се најде за студенти и да им биде супер. А ако не им се допаѓа имаш поплаки, ама не од децата, од родителите. Тука имаме многу анегдоти, би било убаво еден текст само за студентската работа да се направи и ќе опфатиме се. Така ќе ви стане појасно како функционира една агенција за вработување која бесплатно посредува и за студенти, кои имаат трошок само за патничко и здравствено осигурување за три месеци. А мора еден фељтон да направиме, со позитивни и негативни искуства.

АНАЛИТИКУМ: Сега малку и за студентите кои неколку години и тоа како се заинтересирани за работа во Германија преку летниот период. Дали за нив е потребна виза? Како ќе ни ја опишете постапката за работа на еден студент преку летниот период во Германија? Што треба еден студент да исполнува за да може да работи во Германија?

Не, за студентите не треба виза. Тие добиваат работни дозволи и смеат да работат во Германија само 90 дена за време на официјалниот летен распуст. За да може да работи еден студент во Германија, пред се треба да има статус на студент, запишана година и познавања од германски или англиски јазик. Пријавувањата почнуваат од октомври 2023 за лето 2024. Многу е важно да се пријават порано, до крај на февруари, средина на март да биде се донесено кај нас. Информации за програмата како и брошура со детали има на следниот линк:  https://kontext.com.mk/index.php/mk/studentski-programi/studentska-rabota-vo-germanija.  Оваа година имавме заминати над 1000 студенти, наредната ќе има и повеќе. Важно е на време да се пријават, оваа година со саемот за вработување кој го организиравме во февруари 2023 се вработија скоро сите студенти. Пријави кои се носат во април и мај обично се доцни пријави и работните дозволи се чекаат до ден пред поаѓање, некогаш и доцнат. Обработката во Германија на истите трае 6-8 недели. Програмата е бесплатна за студентите, единствен трошок е патничкото и здравствено осигурување за три месеци кое е обавезно и без тоа не можат да работат.  

Контекст има канцеларии во Албанија, Србија и Босна и од 2024 и имаме голем број студенти од таму. За да нашите студенти добијат работно место и да не плаќаат за истото, ги мотивираме што е можно порано да се пријавуваат, да не чекаат последен момент.

АНАЛИТИКУМ: Освен во Mc Donalds кои други работни места ги нудите во Германија?

Освен McDonalds имаме и KFC, Netto маркети, хотели, забавни паркови, фабрики, аеродроми, работа во ресторани на безниски пумпи, чистење објекти.. Многу опции имаме…

АНАЛИТИКУМ: Дали кандидатите од вас можат да добијат целосна поддршка во процесот на виза, работа, документација, живот во Германија?

Апсолутно можат и ќе добијат се што треба да добијат од наша страна како одговорна агенција.

АНАЛИТИКУМ: И за крај споделете со нас каде се може да ве контактираат потенцијалните кандидати?

Кандидатите можат да не контактираат на телефонските броеви 023223579 или  на мобилен – 078274420, на маил: vrabotuvanje@kontext.mk, на Инстаграм профилот: kontext_macedonia и на Facebook:https://www.facebook.com/kontext.macedonia