Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Си Џинпинг одвоено одлучија да не учествуваат на самитот на Г20 во Њу Делхи следниот викенд и не разговараа за тоа, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

На прашањето дали Путин и Си ја координирале одлуката да не учествуваат на самитот, тој објасни дека двајцата лидери ги донеле одлуките врз основа на нивните сопствени распореди.