👁️  12

Претседателот на Русија, Владимир Путин, испрати телеграма до претседателката на Словачка и го осуди атентатот на премиерот на Словачка, Роберт Фицo.

Атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо нема оправдување, тоа е грозоморно злосторство, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Во телеграмата што и ја испратил на својата словенечка колешка Зузана Чапутова, тој изразил и желба за опоравување на Фицо, пренесува ТАСС.

„Со огорченост дознав за обидот за убиство на Роберт Фицо, премиерот на Словачка, ова монструозно злосторство не може да има никакво оправдување“, напиша Путин во својата телеграма на веб-страницата на Кремљ и додаде:

„Го познавам Роберт Фицо како храбар и подготвен човек, навистина се надевам дека овие квалитети ќе му помогнат да ја издржи оваа тешка ситуација“, се обрати рускиот лидер и продолжи: „Ве молам пренесете му ги зборовите на најискрената поддршка, исто така и желбите за брзо и целосно закрепнување“.