👁️  12

Ракометните клубови Вардар и Еурофарм Пелистер и оваа година ќе водат жестока битка на нашите терени, а најновата епизода ќе биде на 17 септември од 19:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Ова е дуел од домашниот шампионат и за истиот веќе можат да се набават влезните по цена од 150 до 250 денари во зависност од позицијата на трибините.

Продажбата на билетите ќе се врши: онлајн на https://www.kupikartizase.com/Events/vardar_pelister и преку продажната мрежа на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ и преку нивната продажна мрежа.

Влез ќе биде дозволен само со ПЕЧАТЕН БИЛЕТ, а сите ваучери при онлајн продажбата треба да се заменат на продажните места или на билетара пред сала.

Од Вардар информираа дека со секој купен билет ќе се учествува во наградните игри што нивните спонзори ќе ги организираат на полувреме. Воедно „црвено-црните“ соопштија дека поради безбедноси причини и воведно шоу вратите во СЦ „Јане Сандански“ ќе се затворат во 19:30 часот.

Само за потсетување Вардар и Пелистер веќе имаа еден меч сезонава и тоа во Супер Купот кој му припадна на скопскиот тим.