Во финишот на претпоследниот ден за трансфери, француски Пари Сен Жермен успеа да го договори доаѓањето на суперталентираниот крилен напаѓач на Лион, Бредли Баркола.
Како што потврдија и од клубот, трансферот е заверен и Баркола и официјално е ново засилување за „светците“.
Младиот фудбалер немаше намера да ја промени средината во која порасна и доби вистинска можност да процвета во францускиот фудбал, но очигледно беше тешко да се одолее на нападите на парижан.
Лион на крајот попушти и се согласи на цена од 45 милиони евра, сума за која му дозволи на младиот фудбалер да го облече дресот на шампионот со договор до 2028 година.