Килијан Мвпае прво одби да потпише нов договор со францускиот првак, па Светците решија да го суспендираат Мбапе.

Фудбалерот пропушти добар дел од подготовките, не играше ниту во првото коло од француското првенство, но беше вратен во составот за второто коло и го даде единствениот гол за ремито на ПСЖ.

Најновите информации се дека ПСЖ формирал дефинитивна цена за Мбапе, доколку некој клуб сака да го откупи неговиот договор. Светците бараат 250 милиони евра за предвремен раскин на договорот кој истекува во јуни 2024 година.