👁️  5

Коло Муани стана нов играч на ПСЖ. Останува само да биде промовиран, откако двата клуба се догвороија за трансфер од 90 милиони евра.

Најпрво беше објавено дека Муани и дефитивно се сели во ПСЖ, за потоа дека трансферот пропаднал и дека играчот веќе се вратил во Франкфурт, но на крајот дојде до договор на пет години.

Мејсон Гринвуд, отпишаниот играч на Манчестер Јунајтед на крајот заврши во Гетафе. Пропадна можноста тој да замине во Лацио, а се шпекулираше и со белградска Црвена Звезда. Меѓутоа тој на крајот се договори со Гетафе.

Откако Анатоли Трубин дојде во Бенфика, беше познато дека за голманот Одисеас Влаходимос ќе нема иднина во овој тим. Затоа тој најде ангажман и потпиша за Нотингем Форест. Беше поврзуван и со Баерн Минхен.