👁️  2574

Тамара Звицер, сопругата на водачот на кавачкиот клан, Радојe Звичер, со години ја носи титулата прва дама на подземјето. Не еднаш му го спасувала животот и била сама во опасност, но сепак стои покрај него и му го чува грбот.

Филмската сцена се случила пред две години во Украина, кога членовите на кланот „Шкаљар“ се обиделе да го ликвидираат Звицер, кој долго време се криел со семејството во таа земја.

Водачот на кавачкиот клан џогирал низ луксузната населба во која живеел со семејството, кога на улицата застанал автомобил „смарт“ и од него истрчале неколку напаѓачи. На сред улица отвориле оган и го застрелале Звицер кој бил погоден од неколку истрели и паднал на земја.

Звицер сигурно немаше да го преживее овој напад доколку неговата долгогодишна сопруга не истрчаше од зградата во последната секунда со пиштол во рацете. Тамара пукала во напаѓачите кои останале шокирани, не ни сфаќајќи од каде доаѓаат куршумите и побегнале што е можно побрзо. Да не се случеше тоа, напаѓачите ќе му се доближеа на Звицер и сигурно ќе му пукаа во глава.

По атентатот, лидерот на кавачкиот клан со недели бил во болница во Украина, чуван од обезбедување и полиција, а кога се опоравил, заминал директно во Црна Гора. После тоа, се случи одмаздата за овој напад и серија убиства на членови на кланот „Шкаљар“. Иако безбедносните камери на зградата ја снимиле Тамара Звицер како мавта со пиштол, ова оружје никогаш не било пронајдено, а украинската полиција не покренува никаква пријава против неа. Пукала на сред улица, но тоа како никогаш да не се случило.

Не беше првпат Тамара да има опасна средба со ривалите на нејзиниот сопруг. Пред неколку години, како што изјавила во полиција, Јован Вукотиќ, ликвидираниот водач на шкаљарскиот клан, се обидел да ја убие. Таа тогаш тврдеше дека Вукотиќ и го попречил патот со својот автомобил во населбата Доброта во Котор, а потоа пукал со пиштол, но не била погодена ниту таа, ниту автомобилот во кој се наоѓала, туку во автомобил кој бил паркиран недалеку.

Инаку, по веста дека Јован Вукотиќ е убиен во Турција, првата жена од кавачкиот клан на социјалната мрежа Инстаграм објави дека се забавува со пријателите. Заедно со чаши и шишиња навечер, таа објави и дека пее песна од Мирослав Шкоро наречена „Суде ми“. Очигледно Тамара Звицер го прославила убиството на Вукотиќ.

„Ми осудуваат затоа што го сакам своето, го сакам најмногу, затоа што ги бранев моите најблиски“, се слушаа неколку женски гласови како пеат на снимката.