👁️  103

Синот на основачот на терористичката организација Ал Каеда, Омар бин Ладен е депортиран од Франција и му е забрането да се врати во земјата откако на социјалните мрежи објавил коментари што се сметаат за величање на тероризмот.

Омар бин Ладен со години живееше во Нормандија и се занимаваше со сликарство.

– Господинот Бин Ладен, кој неколку години живееше во регионот Орне, како сопружник на британска државјанка, минатата година објави коментари на социјални мрежи во кои го велича тероризмот, објави францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретај на Икс.

Поради административната забрана, синот на Осама бин Ладен не може да се врати во Франција.

фото: Икс