👁️  19

Шпанската полиција потврди дека телата кои ги пронашле на брегот на Мајорка припаѓаат на поранешниот германски кошаркар Јан Бокемајер (53) и неговиот син (19), кој исчезна за време на невремето во Шпанија.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ објави дека Бокемаер и неговиот син испловиле рано наутро на 27 август, со цел да отпатуваат од шпанскиот остров Менорка до Мајорка. Меѓутоа, за време на патувањето, силно невреме го зафати регионот.

Шпанската полиција соопшти дека нивните тела биле пронајдени една недела подоцна на различни локации во близина на брегот на Мајорка. Тие соработувале со германските власти за да го идентификуваат телото и да направат ДНК тест.

Ова требаше да биде последното патување на Бокемаер со неговиот брод, бидејќи тој планираше да го продаде потоа, пишува „Ел Мундо“.