👁️  159

Во организација на Комисијата за односи со верските заедници денеска во Скопје ќе биде промовирана книгата „Слава Тебе“ (Лаудато Си) енциклика на папата Франциск на македонски јазик.

Издавач на книгата на папата Франциск е македонската Комисија за односи со верските заедници по ексклузивно одобрение од ватиканскиот Дикастер за комуникации.

Книгата е посветена на грижата за животната средина, како и на неопходната здружена акција од сите совесни за спас на нашиот заеднички дом.

Во светската јавност се смета за темелно и современо четиво или за вистински отрезнувачки повик од римскиот понтиф до светската јавност. (МИА)