👁️  12.189

Поседувате виза или сина карта која што е еден вид “Поврзана” со вашиот работодавач но од некои причини вие сте незадоволни од работата за која добивте виза или сина карта?

Во овој случај можете да направите промена на работното место само со посебно одобрение „Zustimmung“ од службата за странци во Германија или добро познатото Ausländerbehörde. За да може да направите промена на работното место потребно е соодветна документација која треба да ја приложите во Ausländerbehörde.

Таа ги опфаќа следните документи:

– Формулар – Formular “Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis Stellenbeschreibung” (Bundesagentur für Arbeit) линк –ТУКА.

– Копија од новиот работен договор каде што сакате даработите

– Пасош за идентификација

– копија

– Вашата пријава на адреса

Сите документи уредно ги испраќате во службата за странци и целата процедура трае околу 2 недели до 6 недели. После добивањето на одобрението или Zustimmung можете да дадете отказ кај важиот моментален работодавач.

Како ќе изгледа отказот во писмена форма погледнете –ТУКА.

Повеќе за оваа тема на германски јазик прочитајте на линкот –ТУКА.