👁️  12

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен на почетокот на сезоната остана без највлијателниот играч. Џамал Мусиала (20) на тренинг ја скинал задната ложа на левата нога и извесно време нема да биде во тимот.

Офанзивниот играч за врска, кој настапува и за германската репрезентација, во среда замина на дополнителни прегледи, по што точно ќе знае колку време ќе мора да се рехабилитира.