Приведени се осомничените за нападот врз руските мировници во Нагорно Карабах, а командантот на корпусот на вооружените сили на Азербејџан е сменет од должност, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор од една од руските безбедносни служби.

-Приведени се првите осомничени за делото, изјави изворот, додавајќи дека командантот на корпусот на вооружените сили на Азербејџан, чии подредени се осомничени за смртта на рускиот воен персонал, е сменет од должноста.


Претходно денеска азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин се извини и изрази сочуство за смртта на руските мировници во Нагорно-Карабах, соопшти Кремљ.

Вчера беше отворен оган врз возило со руски мировници, кои се враќаа од набљудувачка станица во регионот Јањатаг, во Нагорно Карабах, а во нападот загинаа руски војници, соопшти руското Министерство за одбрана.