👁️  775

Полициски службеници вчера лишија од слобода 43-годишен жител на демирхисарското село Вардино, кој е осомничен за неовластено набавување и одгледување на канабис.

„Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Демир Хисар – ОКП Битола на 26.8.2022 го лишија од слобода Д.Ѓ. (43) од село Вардино, Демир Хисар. Тој неовластено набавил 37 семки од растението канабис и ги засадил во близина на неговата куќа, а инсталирал и систем за нивно наводнување“, се наведува во соопштението на МВР.