👁️  5

Претседателката на Косово, Вјоса Османи денеска изјави дека во северниот дел од државата продолжуваат подготовките за одржување на вонредни избори.

Таа истакна дека присуството на косовската специјална полиција во и околу општинските објекти на северот е веќе намалено, а продолжува да се работи на комплетирање на правната инфраструктура за одржување нови избори во четири општини на север, се вели во изјавата на Османи по средбата со турскиот заменик-министер за надворешни работи Мехмет Колај Бозај, јавија косовските медиуми.

Властите веќе работат на отворање на патот за одржување на вонредни избори преку оставки на актуелните претседатели на општините, нагласуваат приштински медиуми.

„Претседателката Османи истакна дека присуството на косовската специјална полиција во и околу општинските објекти на север е веќе намалено, а продолжува работата на комплетирање на правната инфраструктура за одржување на нови избори во четирите северни општини, се нагласува во коминикето. (МИА)