👁️  82

Претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, наместа пообилни. Врнежите ќе продолжат и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 степени, додека максималните дневни ќе достигнат 16 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе биде 14 степени.

За утре се најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има денес од попладне и преку ноќта кон среда, а потоа и на крајот од работната седмица.