Пресретнат шверц на 45 кила злато на граница во вредност од над 2 милиони евра – ова се деталите

Во голема акција на полицијата и царината како што дознава Инфомакс во текот на вчерашниот ден се запленети неверојатни 45 кила злато кои требале да бидат прошверцувани во Македонија.

Според пазарните цени вредноста на златото е некаде помеѓу 2 и 2,5 милиони евра што е огромна сума и дополнитено говори за големината на акцијата за шпречување на нелегална трговија со злато.

Неофицијално во шверцот е вмешан и цариник кој бил распореден на аеродромот Петровец кој веројатно земал мито за да дозволи нелегален влез на златото во Македонија.


Вработениот на царина е дел од специјалните тимови во мобилната царина.

Според нашите информации цариникот веќе два пати бил под сериозно сомнение дека овозможувал шверц на стоки во Македонија, а последниот инцидент при кој е приведен е трет по ред.

Во текот на денот се очекува и вонредна прес-конференција на макеоднската царина.