Премиерот Мицкоски во посета на општина Кисела Вода

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Кисела Вода.

Како што информираат од владината прес-служба, Мицкоски во Кисела Вода ќе изврши увид на градежни активности на проектите од унгарскиот кредит, и тоа отворање на каналот и пешачката патека на Мала Рада и изградба на потпорни ѕидови и реконструкција на коритото.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.