👁️  12

Оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни, се причина за техничките проблеми поради кои корисниците на услугите на Македонски Телеком од изутрината се соочуваат со прекини на интерент сообраќајот и мобилните и фиксните телефонски линии.

– Во моментов се соочуваме со технички пречки, поради оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни. Нашите тимови интензивно работат на терен. Се извинуваме за непријатностите, се наведува во кусото известување на Телеком објавено на нивната фејсбук страница.