👁️  397

Предновогодишен базар и забава на 28.12.2022 година среда од 13 часот на плоштад Св. Никола – Могила.

По настанот за најмладите со Биби и Дедо Мраз продолжуваме со предновогодишно расположение со одлична музика и забава која ќе ни ја овозможат могилски DJ-и.

Атмосферата ќе биде збогатена со густирање греано вино и ракија на преубаво украсена сцена со штандови од ракотворби на учениците од основните училишта.

Да ја почувствуваме предновогодишната магија на плоштадот во Могила на настанот кој ќе трае до доцните часови.