👁️  4030

Од архивата на битолскиот хроничар Стефан Чекутков -СТАРИ БИТОЛЧАНИ

КАЛДРМА (турски збор, пат поплочен со камен). Денес сите улици на Битола се асфалтирани. По нив Битолчани возат најмодерни и најскапи коли. Меѓутоа, во минатото состојбата била, многу поинаква. На фотографијата од далечните 22.03. 1970 година се гледа дел од КАЛДРМАТА од раскрсницата на улица „ЦВЕТАН ДИМОВ“ и улицата „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ од населбата „ГЕНИ МААЛЕ“, кола ФИЧО и група граѓани СТАРИ БИТОЛЧАНИ. Од лево кон десно стојат, Никола, Јосиф (ЈОСКА, мој брат-МАТИЧАР), Кире (КИРКАТА -КИРКУЗО брат на Благој-„КОБЕТО“-мајстор за возење ОБРАЧ со СИРМА), Михалјо (МИЧО, своевремено познат битолски САТЧИЈА), под нив Менде (ЛУКЧЕТО, бизнисмен) и јас Стефан (ЧЕЧИНО). Имавме само 17-18 години.

Автор: СТЕФАН ЧЕКУТКОВ