👁️  1209

Неколку минути пред полноќ во зграда во центарот на Скопје е најден мртов маж, соопшти МВР. Од полицијата засега починатиот го водат како непознато лице без утврдена точна возраст.

Истрагата е во тек, а преку обдукција ќе се утврдуваат причините за смртта.

На 26.08.2022 во 23.55 часот било пријавено дека во зграда на ул. „Дане Крапчев“ во Скопје било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 20-25 години. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.