Во периодот од 2 до 5 октомври 2023 година ќе се играат квалификациите за кошаркарскиот ФИБА Европа куп.
Македонија ќе ја претставуваат Работнички и Феникс 2010 кои ги дознаа распоредот и термините за натпреварите.
Работнички ќе биде организатор на турнирот во кој ќе настапат уште Донар Гронинген од Холандија, потоа романскиот Рапид Букурешт и Сахах од Азербејџан на чија клупа е нашиот тренер Боби Митев. Феникс 2010 ќе игра во Кипар каде учествуваат и домаќинот Керавнос и Рошток од Германија.
Пласман во групната фаза на ФИБА Европа купот ќе обезбедат првопласираните екипи.
Распоред на натпревари
ФИБА Европа куп, квалификации
Група „А“
2 октомври 2023
17.30 часот Донар Гронинген – Сабах
20.30 часот Работнички – Рапид Букурешт
3 октомври 2023
17.30 часот Рапид Букурешт – Донар Гронинген
20.30 часот Сабах – Работнички
5 октомври 2023
17.30 часот Рапид Букурешт – Сабах
20.30 часот Донар Гронинген – Работнички
Група „Е“
3 октомври Керавнос – Феникс 2010 (19.00 часот)
4 октомври Феникс 2010 – Рошток (19.00 часот)
5 октомври Рошток – Керавнос (19.00 часот)