Познати се противниците на кадетите во главната фаза од СП

Македонските кадетски репрезентативци се враќаат на обврските на Светското првенство во Хрватска.

Момците на Раде Стојановиќ не пренесуваат ниту еден бод во главната групна фаза, а ќе играат со две силни европски селекции.

Главна групна фаза:
7 август – 17:30 – Македонија – Данска
8 август – 17-30 – Македонија – Австрија

Најдобрите две селекции од оваа новоформирана група (Македонија, Норвешка, Австрија и Данска) ќе се пласираат во елиминационата фаза.