По комплетирањето на групите од втората фаза, познати се најдобрите осум екипи на Светското првенство во кошарка.

Најголемото изненадување е што нокаут-рундата ќе биде без бранителот на титулата Шпанија која е елиминирана од Канада.

Завршницата ќе се игра во градот Пасај во Филипини.

Четвртфинале, СП 2023:
Италија – САД
Германија – Летонија


Литванија – Србија
Канада – Словенија

Полуфинале, СП 2023:
ИТА/САД – ГЕР/ЛЕТ
ЛИТ/СРБ – КАН/СЛО

Четвртфиналињата се играат на 5/6 септември, додека полуфиналињата се закажани на 8 септември. Мечот за третото место и финалето ќе се игра на 10 септември.