👁️  1895

Поранешната гренд слем шампионка, Симона Халеп потврди дека се разведува од милионерот Тони Јурук по помалку од една година во брак, а романските медиуми тврдат дека главен виновник за разводот е новиот тренер на тенисерката, Патрик Муратоглу.

„Донесовме заедничка одлука да се разделиме. Доста вршите притисок, веќе нема да се појавувам во јавноста. Адвокатите ќе го решат останатото на најцивилизиран начин“, изјави Јурук за романските медиуми.

Вестите за разводот доаѓаат по шокантниот пораз на 30-годишната Халеп во првото коло на САД опен од украинската квалификантка Дарја Снигур, неколку дена откако го освои ВТА 1000 турнирот во Торонто.

Тенисерката всушност има македонско влашки корени. Нејзините претци се доселени во Романија, поточно во Констанца од Македонија и негуваат силни македонски традиции.

Медиумите во Романија откриваат за потеклото на Халеп, кој била горда на своите корени и никогаш не се срамела да го покаже тоа.

„Тие се едни од најсилните Македонци. Тие се голема и почитувана заедница. Не бидејќи се богати, бидејќи ги негуваат македонските традиции и никогаш не скршнуваат од нив“, вели извор на романскиот „Спортњуз“.