👁️  26

Организаторите најавија дека Календарот догодина ќе содржи 15 најпрестижни еднодневни митинзи. Како и во претходните години, атлетичарите ќе се натпреваруваат за поени во 14 серии, при што најуспешните во секоја дисциплина, ќе се квалификуваат за финалето на Дијамантската лига на крајот од сезоната.

Сезоната ќе започне со кинеската двојна програма на митинзи во Ксиамен на 20 април и Шангај на 27 април. Потоа следуваат митинзите во Доха, Рабат и Јуџин, а серијата заминува во Осло и Стокхолм на првите европски митинзи на 30 мај и 2 јуни.

Во јули, се предвидеми митинзите во Париз, Монако и Лондон кои ќе бидат и еден вид генерална пробаза атлетичарите пред Олимписките игри во Париз 2024 година. По Олимпијадата, ќе има уште четири шанси за освојување поени во Лозана, Шлезија, Рим и Цирих. Финалето на сезоната ќе биде на 13 и 14 септември во Брисел.