👁️  12

Големиот меч меѓу Барселона и Реал Мадрид на „Монжуик“ кој ќе се одигра на 28 Октомври ќе го суди Хесус Жил Манзано.

За 39-годишниот Манзано, претстојното „Ел Класико“ ќе му биде трето во судиската кариера. Дебито го направи во сезоната 2014/15 кога во 9 коло мадриѓани ја победија Барса со 3:1. Тој беше на центаорт и во мечот од 30 коло во сезоната 2020/21 кога Реал победи со 2:1.

Манзано 37 пати му судел на Реал, а „Кралевите“ забележале 37 победи, пет ремија и пет порази. Тој беше дел од мечот меѓу Валенсија и Реал во сезоната 2020/21 кога досуди три пенали за Валенсија, сите реализирани од Карлос Солер, и овој тим на крајот победи со 4:1.

На Барселона и судел на 36 натпревари, а каталонскиот тим победил 22 пати, седум пати ремизирал и има седум порази. Минатата сезона на мечот меѓу Барса и Осасуна го исклучи Левандовски и потоа полскиот напаѓач беше суспендиран на три натпреаври.